Граѓанска организација за инклузија

Здружение за поддршка на лицата
со посебни потреби ДИГНИТАС Скопје

Повеќе од 20 години борба за правата на лицата со попреченост

Нашата Мисија

Здружението ДИГНИТАС Скопје е граѓанска организација посветена на поддршка и инклузија на лицата со посебни потреби. Нашата основна мисија е да ја подигнеме свеста во општеството за предизвиците со кои се соочуваат овие лица и активно да работиме на нивно целосно вклучување во сите сфери на секојдневниот живот. Веруваме дека секој поединец, со малку поголемо внимание и поддршка, може да го оствари својот целосен потенцијал.

Нашите Цели

Работиме на остварување на следниве клучни цели:

Помош и поддршка: Обезбедуваме директна помош преку материјални средства, набавка на лекови, ортопедски помагала и пристап до здравствени услуги.

Инклузија во образованието: Ги поддржуваме лицата со посебни потреби во образовниот процес, дообразувањето и уметничкото изразување, со цел формирање на посебен фонд за оваа намена.

Застапување и унапредување на правата: Ја следиме и проучуваме правната проблематика и предлагаме законски решенија за подобрување на правниот и општествениот статус на лицата со посебни потреби.

Информирање на јавноста: Преку сопствени гласила, веб-страница и медиумски кампањи, ја информираме јавноста за проблемите и потребите на нашите сограѓани со попреченост.

Организација на настани: Организираме и помагаме во реализација на одмори, патувања, како и спортски и културни настани за нашите членови.

Хуманитарна помош: Активно прибираме и распределуваме хуманитарна помош на оние на кои им е најпотребна.

Организациска Структура

Со здружението управуваат следниве органи:

Собрание: Највисок орган на здружението, составен од сите негови членови. Собранието ги носи најважните одлуки, вклучувајќи го и Статутот, програмата за работа и изборот на другите органи.

Застапници - Претседатели: Здружението го застапуваат двајца претседатели, г-дин Ненад Марковиќ и г-дин Зоран Симоноски, кои се одговорни за секојдневното работење и претставување на организацијата.

Управен одбор: Составен од пет члена, овој орган се грижи за спроведување на одлуките на Собранието и управување со имотот и средствата на здружението.

Начела на Работа

Нашата работа се темели на принципите на независност, јавност, транспарентност, непрофитност, непартиско дејствување, толеранција и еднакви можности за сите.

Контакт Седиштето на здружението е на ул. 519, број 1/8, во општина Гази Баба, Скопје.

Зоран Симоноски е потпретседател на Дигнитас. Човек кој е во инклузивиот процес сиот свој работен век. Во Дигнитас е задолжен како организационен секретар и координатор за промоција на инклузивен спорт.

Збор два за нас

ДИГНИТАС

Здружение на граѓани Дигнитас Скопје

Ненад Марковиќ

Ненад Марковиќ

Претседател
Зоран Симоноски

Зоран Симоноски

Потпретседател