Со цел пренесување на најдобрите меѓународни практики во локален контекст, претставници на Дигнитас учествуваа на напредна обука во Палермо, Италија, посветена на концептот ‘Human Library’. Веднаш по обуката, со гордост ја организиравме првата Човекова библиотека во Скопје, настан кој предизвика огромен интерес кај јавноста и медиумите.

Овој проект стана заштитен знак на нашата посветеност кон едукација на заедницата преку личен контакт и споделување на автентични животни приказни на лицата со попреченост.